3 фустани, 2 готвачи од Србија и авион за гостите! Анастасија и Гудељ прават Свадба во Севиља, еве кој сè ќе биде поканет (фото)

Венчавката на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудеља нема да се одржи во Белград. Целата церемонија ќе биде организирана во Шпанија на крајот на декември кога Гудељ има пауза.

Како што одлучија тие, наместо две свадби, ќе направат една, која ќе биде невидено луксузна. На неа ќе бидат поканети 50 луѓе. Оттука, од страната на Анастасија, семејството Ражнатовиќ во кое се нејзината мајка Цеца, тетка Лидија и нејзиното семејство, потоа Вељко и Богдана и пријателите на Анастасија, меѓу кои ќе биде и кумата. Гудељ ќе го покани семејството и соиграчите од клубот.

Свадбената прослава ќе се одржи во еден од најлуксузните хотели во Севиља, чија сала веќе е изнајмена.

– Анастасија организира авион за своите гости од Белград и сите ќе добијат авионски билети и неколкудневно сместување во хотелот каде што ќе се организира свадбената веселба. Се разбира, тоа не ги вклучува Ражнатовиќи кои финансиски можат да се справат со сето тоа, туку нејзините пријатели кои немаат пари за таков трошок – вели извор за српски ,,Скандал”.

На таа прослава ќе направат граѓанска венчавка и тогаш Анстасија официјално ќе го земе презимето Гудељ.

Како што пишува весникот, таа веќе бара венчаница. Тоа нема да биде класична венчаница, туку фустан кој ќе наликува на венчаница, Анастасија дури размислува и нејзиниот фустан што ќе го носи тој ден специјално за неа да го дизајнира познат светски дизајнер.

Додека Немања игра фудбал, таа го избира и неговиот костум за свадбената церемонија. Младенците за време на свадбените веселби неколку пати ќе се пресоблечат, а Анастасија на располагање ќе има дури три фустани.

Што се однесува до менито, покрај традиционалната шпанска кујна, Анастасија сакала гостите од Шпанија да имаат можност да пробаат и српска кујна, па неколку дена пред венчавката од Белград во Севиља ќе заминат двајца готвачи кои ќе се занимаваат исклучиво со подготовка на храна која е традиционална на нашите простори.

Семејствата Ражнатовиќ и Гудељ не се мешаат во свадбената организација на младенците, но наводно пред неколку дена добиле известување дека планираат сите да се соберат и да ја прослават свадбата на Анастасија и Немања на крајот на декември. .