Кој или што ги запали сателитите на Илон Маск над Русија!? Американскиот „Старлинк-2653“ се распадна на илјадници парчиња!
На социјалните мрежи се појави снимка од неидентификуван објект, а ја забележаа жителите на јужна Русија вечерта во средата на 22 мај.
На видеото снимено од очевидците се гледа предмет со блескава опашка што личи на комета. Се спушти со голема брзина и исчезна зад куќата на хоризонтот. За првпат, ден претходно, стана познато дека жителите на југот на земјата забележале чуден објект на небото, пренесува веб-страницата „Монависта“.
Шефот на астрономската опсерваторија од Ростов на Дон, Николај Демин, најпрвин изразил мислење дека објектот што го виделе на небото жителите на јужните региони на Русија е космички отпад, пренесува рускиот сајт „Лента“.
Се испостави дека неидентификуваниот летечки објект, кој е забележан на југот на Русија е американскиот сателит „Старлинк-2653“ на Илона Маск, објави Крим-вести“.
-Токму во тој момент го извлекуваа од орбитата. Во такви случаи, леталото согорува во горната атмосфера, оставајќи светла огнена трага – пренесува рускиот сајт „5-тв“.
Покрај тоа, во март, жителите на Далечниот источен федерален округ на Русија снимија неидентификуван летечки објект.
На објавената снимка се гледа како црн предмет поминува над објектот проследено со запален заден дел. Судејќи според видеото, предметот во одреден момент паднал во фрагменти, пренесува рускиот сајт „Лента“.