Јирген Клоп ја изненади целата британска спортска јавност со денешната прес-конференција на која се прости од Ливерпул.
Германскиот стручњак пристигна на „Енфилд“ во октомври 2015 година, а во јуни 2024 година Јирген Клоп и официјално ќе го напушти Ливерпул. Тој ги објасни причините за неговото заминување во обраќање до навивачите, а по првичниот шок челниците на клубот почнаа да бараат наследник.
Во сите анкети кои веќе се појавија на социјалните мрежи, голема желба на фановите е Чаби Алонсо. Актуелниот тренер на Баерн Леверкузен, првотимецот во Бундеслигата, одлично се вклопува на профилот на наследникот на Јирген Клоп. Чаби Алонсо е поранешен играч на Ливерпул, пет години играше на „Енфилд“. Тој беше стрелец на еден гол во митското финале на Лигата на шампионите против Милан (3:3, пенали 3:2) во 2005 година во Истанбул.
По Ливерпул, Чаби Алонсо (42 г.) настапуваше за Реал Мадрид и Баерн Минхен, клубови кои исто така имаат голема желба за нов тренер. За шпанската репрезентација одигра 114 натпревари и постигна 16 голови.
По сето горенаведено, може да се каже дека Чаби Алонсо имаше беспрекорна играчка кариера. И така почна како тренер, не сакајќи да прескокнува часови. Почна да работи во младинската академија на Реал Сосиедад, а потоа раководеше со Б тимот на Реал Сосиедад. Неговиот поглед на модерниот фудбал не остана незабележан, па во октомври 2022 година раководството на Баерн Леверкузен му го довери првиот тим. Ги презеде на претпоследната позиција по осум кола во Бундеслигата. Сезоната ја заврши на шестото место и преку квалификациите стигна до Лига Европа.
Го доби неопходниот душевен мир за работа, а резултатот не изостана. Баерн Леверкузен оваа сезона е лидер во германскиот шампионат, пред фаворизираниот и далеку поскап Баерн Минехн. Беше доминантен во групната фаза од Лига Европа со сите шест победи и сега го чека противник во осминафиналето. Договорот на Чаби Алонсо со Баерн Леверкузен е до јуни 2026 година. Но, доколку Ливерпул повика …