НЕРЕАЛЕН ПРЕСВРТ НА “МАГИЧНИОТ“ РУСИН! Данил Медведев речиси беше поразен, но на брутален начин му одржа лекција на Александар Зверев и се пласираше во финалето на Австралија Опен

Данил Медведев успеа да се пласира во финалето на Австралија Опен по нереален пресврт и победа против Александар Зверев со 3:2 во сетови (5:7, 3:6, 7:6, 7:6, 6:3).

Голема борба се водеше во првиот сет каде Александар Зверев стигна до две брејк топки, но Данил Медведев возврати и израмни на 5:5. Сепак, веќе во следниот гем Германецот направи нов брејк кој подоцна го потврди за 1:0 во сетови.

Помалку возбудувања видовме во вториот сет. Александар Зверев двапати го одзеде сервисот на Данил Медведев, овој период од играта го реши во своја корист со 6:3 и се чинеше дека ништо не може да го спречи на патот до финалето.

Александар Зверев
Александар Зверев

Сепак, следеа два повторени сета во кои немаше брејк и кои беа решени во тај-брејк! И во двата сета блескаше Данил Медведев во самата завршница од тај-брејкот што му донесе израмнување – 2:2.

Се влезе во петтиот сет каде Данил Медведев на крајот успеа да му го одземе сервисот на Александар Зверев и да поведе со 3:2, а подоцна го потврди брејкот за 4:2. До крајот на натпреварот Русинот успеа да го спаси својот сервис, но и да направи нов брејк и се пласираше во финалето, каде в недела ќе се соочи со Јаник Синер, кој беше подобар од Новак Ѓоковиќ.