Том Круз се бакнува со 25 години помлада Русинка !? Многумина ја паметат оваа убавица по она што му го направи на поранешниот сопруг…

Том Круз (61 г.) бил забележан на забава во лондонскиот „Mayfair“ со Елсина Каирова (36 г.), ќерка на угледен руски пратеник и поранешна сопруга на олигарх кој тргува со дијаманти.

Тие беа неразделни, очигледно се пар. Се чинеше дека е маѓепсан од неа“, открил еден гостин на руски јазик за Daily Mail.

Гласините велат дека парот се појавил заедно на забава на плоштадот „Гросвенор“ околу 21 часот минатата сабота, на големо изненадување и возбудување на другите гости.

Облечена во црн фустан без прерамки со дијамантски лак, госпоѓица Елсина Каирова се фотограгирала со Авраменко Алиен, поранешна натпреварувачка за Мис на Европа, пред да излезе на подиумот заедно со ѕвездата од „Top Gun“, Том Круз. Тие двајца, наводно, го напуштиле настанот заедно во раните утрински часови.

Том Круз беше многу пријателски настроен – постојано бараа од него да се фотографираат, а тој учтиво одбиваше. На крајот, диџејот мораше на руски да објави дека господинот Том Круз не сака никакви фотографии“, вели изворот.

Поголемиот дел од ноќта ја помина танцувајќи со Елсина Каирова“, вели изворот на Daily Mail.

слика
Том Круз

Поранешната манекенка, која има британско државјанство, претходно беше во брак со рускиот тајкун Дмитри Цетков, со кого делеше замок од 22 милиони фунти на имот во Вентворт, Сари, како и куќи од 18 милиони фунти во Лондон. Тие имаа имоти во Дубаи и Кипар, како и автомобили, накит и уметнички колекции вредни милиони фунти.

Нивниот развод се најде на насловните страници во текот на летото, бидејќи Елсина Каирова беше обвинета дека криела значителен дел од нејзиниот имот од нејзиниот поранешен сопруг, вклучително и колекција на чанти вредна милион фунти.