ВИДЕО | ЖЕСТОКО ГО КРИТИКУВАШЕ РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГА, ПА НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА – Мистериозна смрт на пратеник од опозицијата во Турција

Турски опозициски пратеник почина во четвртокот откако доживеа срцев удар во парламентот додека ја критикуваше политиката на Владата на Турција кон Израел, завршувајќи со зборовите: „Ја имате крвта на Палестинците на вашите раце“.

Хасан Битмез (54 г.), пратеник од опозициската партија Саадет, почина во болница во Анкара, соопшти министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, во телевизиско обраќање.

Хасан Битмез дипломирал на Универзитетот „Ал Азхар“ во Каиро и бил претседател на Истражувачкиот центар на Исламската Унија, а претходно работел за исламски невладини организации, покажува неговата парламентарна биографија. Тој исто така бил и оженет и татко на едно дете.

Официјалните снимки од парламентот покажуваат како Хасан Битмез паѓа на подот откако застанал на говорницата за време на седницата во вторникот.

Тој ја критикуваше владејачката АК Партија (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган за трговијата на Турција со Израел и покрај војната во Појасот Газа и широките критики на Владата за израелските бомбардирања. 

Дозволувате бродови да одат во Израел и бесрамно го нарекувате тоа трговија… Вие сте соучесници на Израел“, порача Хасан Битмез во својот говор откако на говорницата постави транспарент со натпис: „Убиец Израел – соучесници на АКП“.

Имате крв на Палестинци на вашите раце, вие сте соучесници. Придонесете за секоја бомба што Израел ќе ја фрли врз Појасот Газа“, им порача тој на пратениците за време на расправата за буџетот за 2024 година.

По завршувањето на говорот, Хасан Битмез ненадејно падна на подот, додека другите претставници притрчаа од своите места да помогнат.

Неговото срце престана да чука, а потоа беше реанимиран во парламентот и за 20 минути префрлен во болница каде што апаратите го одржуваа во живот“, изјави во вторникот Фахретин Коџа.

Малата исламистичка партија Саадет му се придружи на главниот опозициски блок во поддршката на противкандидатот Кемал Киличдароглу на претседателските избори во мај против Реџеп Таип Ердоган, кој победи.