ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА – Во Берлин уапсени членови на Хамас

Во Берлин се уапсени членови на терористичката организација Хамас, соопшти германската федерална полиција, пренесуваат тамошните медиуми.

Уапсени се неколку лица кои се осомничени дека сакале да лоцираат складиште со оружје и да го држат подготвени за напади врз еврејски институции.

Во октомври 2023 година, тие неколку пати бараа оружје кое веројатно било скриено во близина на главниот град на Германија.

Според германските медиуми, тројцата мажи утре треба да се појават пред судот.