Пукал во девојката среде Башчаршија: Хорор во Сараево

Денеска во попладневните часови во Сараево се случила престрелка во која е повредена жена (23).

Како што потврди портпаролката на МБР на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ, пукањето се случило во 16 часот и 30 минути.

– Престрелката се случила на раскрсницата на улиците Телали и Сафвет-бег Башагиќ во сараевската општина Стари Град. Во таа прилика е рането едно женско лице (2001 година). Таа се здобила со повреди на десната потколеница и била префрлена во КЦУС каде и’ е укажана лекарска помош – изјавила Новалиќ.

Таа додаде дека лицето кое пукало веднаш било уапсено од припадници на полициската управа Стари Град.

„Се работи за 30-годишен маж“, додаде Новалиќ.

За сè е известен обвинителот на Кантоналното обвинителство на КС, а повеќе информации за околностите под кои е употребено огненото оружје, како и за состојбата на повредениот ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.