Кој ќе биде нов папа? Неколку имиња веќе се најдоа на листата

ој ќе го наследи папата Франциск? Имиња на можните кандидати кои веќе се во игра.

По смртта на папата Франциск, во фокусот на светската јавност е прашањето – кој ќе биде неговиот наследник? Иако теоретски секој крстен католик може да биде избран за папа, оваа улога традиционално им припаѓа на кардиналите.

Во моментов постојат 252 кардинали ширум светот (состојба од февруари 2025), но само 138 од нив – оние под 80 години – имаат право на глас на следната папска конклава во Ватикан, што треба да се одржи во рок од еден месец.

Се очекува трката за нов папа да се води меѓу прогресивни и конзервативни сили во Црквата.

Еве ги најспоменуваните имиња:

Питер Турксон (76, Гана) – Би бил првиот папа со темна кожа. Има умерени ставови за истополовите врски и силна улога во мировните мисии во Африка.

Луис Антонио Тагле (67, Филипини) – Еден од фаворитите. Либерален епископ кој застапува понежен пристап кон хомосексуалците и разведените.

Пјетро Паролин (70, Италија) – Државен секретар на Ватикан и најблиску до „континуитет“. Се смета за умерен, но понекогаш и поцврст од Франциск.

Петер Ердо (72, Унгарија) – Конзервативец и гласен противник на причест за разведени. Би бил втор папа од поранешниот источен блок.

Хозе Толентино (59, Португалија) – Млад и креативен кандидат, се залага за поврзување на верата со современата култура.

Матео Зупи (69, Италија) – Кардинал и мировен пратеник во Украина. Се смета за соработник на Франциск, но со дипломатски амбиции.

Марио Грек (68, Малта) – Генерален секретар на бискупскиот синод. Поттикнува нов јазик во пристапот кон современите предизвици.

Роберт Сара (79, Гвинеја) – Искусен, но на границата на возрасната дозвола. Конзервативец, често критикува родова идеологија и исламски фундаментализам.

Изборот на нов папа ќе биде одраз на идната насока на Католичката црква – дали таа ќе продолжи по патот на отворање и дијалог или ќе се врати кон посилна традиционалност.