Крадецот ги вратил луксузните часовници, а потоа оставил неверојатна порака: „Задржете ги…“

Ранец со луксузни часовници е вратен пред хотелот „Вестин“ во Милано, каде што бил украден од американски турист, со порака на која пишувало „Задржете ги часовниците, тие се лажни“, објавија денес италијанските медиуми.

Украдениот ранец се појавил пред хотелот 24 часа по грабежот, објави Република.

Во него имало четири часовници „Ричард Мил“ во вкупна вредност од 600.000 евра, како што тврдел американскиот турист.

Тој исто така изјави дека во ранецот имало и AirPods, кредитни картички, 600 долари и 300 евра.

Полицијата го уапси осомничениот за кражбата, 26-годишен Алжирец, додека трага по неговиот соучесник.

Осомничениот од Алжир, сепак, тврдел дека во ранецот немало ништо освен лажни часовници, негирајќи ги обвинувањата на туристите.

Американскиот турист самиот ја известил полицијата за кражбата и за содржината на ранецот, тврдејќи дека украдените часовници вредат по 150.000 евра.

Сепак, Американецот се вратил во САД малку подоцна, а полицијата никогаш повеќе не слушнала за него.

Истрагата за целиот инцидент продолжува, а полицијата не исклучува ниту една можност.