Крадци украле двесте патики, но само за десната нога

Грабежот беше прилично голем и за Перу, но полицајците се прашуваат дали вредеше трудот, имајќи предвид дека повеќе од двесте патики се украдени со само еден пар .

Сопственикот на продавницата за локалните медиуми изјавил дека вредноста на украдената стока е околу тринаесет илјади долари, но оти смета дека во иднина ќе им биде тешко да ја продадат со оглед на тоа што нема ниту еден „цел“ пар патики.

Настанот кој се случил во градот Хуанкајо е снимен од безбедносните камери на продавницата. На видеото се гледа како тројца криминалци во третиот обид ја кршат бравата на вратата и со трицикл земаат кутии со различни марки патики.

„Собравме докази од местото на настанот. Она што е невообичаено за овој грабеж е тоа што беа украдени само патиките на десната нога“, изјави за медиумите директорот на локалната полиција Едуан Дијаз. Тој додаде дека пронаоѓањето на крадецот ќе биде можно поради снимките од безбедносните камери и отпечатоците од прсти пронајдени во продавницата.

Корисниците на социјалните мрежи ги споделија своите впечатоци за „комичното“ злосторство: 

„Ги повикувам сите единици, барам група крадци со само една нога“, напиша еден корисник на Инстаграм под објава на сметката на Би-Би-Си. 

‘Се е во ред. Во продавницата останаа доволно“, додава друг корисник.