Кралицата Камила и Кејт Мидлтон не се поднесуваат: Широките насмевки во јавноста се само маска, а ова е причината (фото)
Иако во јавноста се чини дека кралицата Камила и Кејт Мидлтон имаат блиски односи, странските медиуми пишуваат дека тоа неодамна се променило и дека меѓу нив се појавил проблем кој им ја нарушил врската. Насмеаните лица се наводно само маска, а Камила ја гледа Кејт како закана.
Станува збор за грижата на кралицата Камила за тронот што го чека откако се омажи за Чарлс. Таа ужива во влијанието кое доаѓа со статусот на кралица, а идејата да го предаде тронот не и’ се допаѓа.
Камила ја сфаќа својата работа многу сериозно и сака нејзиниот сопруг да остане на тронот што е можно подолго.
„Таа ги сака своите обврски. Цел живот сака да биде кралица, па не сака да го остави тоа толку брзо “, изјави извор за Us Weekly.
Тој додаде дека Камила особено не сака да и’ ги префрли должностите на Кејт.
„Тие отсекогаш имале затегнати односи“, откри тој.
Заладените односи меѓу двете дами се префрлија и на врската меѓу Чарлс и Вилијам, а главната причина за сè е љубомората. Иако таткото и синот се блиски и секогаш подготвени за пријатна соработка, на Чарлс и Камила им е јасно дека народот ја фаворизира помладата кралска двојка која еден ден ќе го наследи тронот.