Познатата манекенка Ешли Греам, која магазинот Maxim ја прогласи за „најсекси жена на светот“, беше една од највпечатливите убавици на забавата на Долче и Габана за време на модната недела во Милано.
35-годишната манекенка се појави во тесен црн миди фустан без ракави со ремен, во кој ги покажа своите познати облини.
Аутфитот го зачини со сандали со животински принт на висока потпетица.
Пред да се појави на гламурозната забава на престижниот бренд, Ешли прошета по пистата за време на модната недела облечена во Dolce & Gabanne. По тој повод таа покажа една нивна црна креација.
Дополнително, ѕвездата, која ја красеше и насловната страница на „Вог“, прошета во корсет и танга со висок струк со проѕирен слој, а носеше оглавици и чевли со високи потпетици.
Да потсетиме, Ешли Греам веќе неколку пати беше прогласувана за најсекси жена на светот, а се чини дека дефинитивно реши да ја задржи таа титула.