КРАЛОТ ГО ВРАТИ ПРИНЦОТ ХАРИ ОД КУЌНИОТ ПРАГ: Принцот дошол во татковината, сакал да се види со татко му, а еве како тој го избрка

Принцот Хари ја изненади британската јавност кога се појавија неговите фотографии од Лондон . Хари вчера се појави во Високиот суд во Лондон на сослушување против издавачот на весникот Дејли Меил поради наводно прислушување и други нарушувања на приватноста.

кралот Чарлс

Според британските медиуми, кралот Чарлс не се сретнал со него. Наводно, Чарлс му рекол на синот дека е зафатен и има работа. Британските медиуми наведуваат дека мали се шансите да се сретне со неговиот брат Вилијам. Се шпекулираше дека Хари и Вилијам не се во контакт по објавувањето на неговите мемоари „Спере“, во кои тој го обвини својот брат за физичко малтретирање и тврдеше дека кабинетот на Вилијам со години работел против него и Меган.

Не е познато каде престојувал Хари откако Чарлс ја одзел неговата кралска резиденција, Фрогмор Котиџ .

Да потсетиме дека Хари поднесе тужба против Associated Newspapers заедно со други познати личности, вклучувајќи ги пејачот Елтон Џон, неговиот сопруг и режисер Дејвид Фурниш и актерките Елизабет Харли и Сејди Фрост.