Кралот Чарлс бара нов телефонски оператор! Мора да одговара на 4.000 повици неделно, ама затоа платата!!!
Бакингемската палата во своето соопштение нагласи дека новиот оператор ќе биде ангажиран да работи 38 часа неделно
Резиденцијата на британскиот крал Чарлс III активно бара нов телефонски оператор. Оваа работа вклучува одговарање на импресивни 4.000 телефонски повици неделно , што вкупно би било околу 208.000 повици годишно, пишува Daily Mail.
Бакингемската палата во своето соопштение нагласи дека новиот оператор ќе биде ангажиран да работи 38 часа неделно. Годишната плата што се нуди за оваа позиција е 26.000 фунти, што значи околу 30.000 евра . Оваа сума ја надминува просечната минимална плата во Обединетото Кралство за 9.000 фунти.
Оваа работа не само што бара исклучителна способност за справување со голем број повици, туку подразбира и потреба од извонредни комуникациски вештини, професионализам и дискреција, со оглед на природата на работата и нејзината близина со британскиот крал.
Иако годишната плата нуди атрактивен надоместок, улогата на телефонски оператор во кралската резиденција претставува единствена можност за работа во средина со историско значење и може да обезбеди искуство што ја надминува материјалната компонента на работното место.
Годишниот одмор трае од 25 до 30 дена платен одмор , а исто така се наведува дека работата за кралската куќа значи „да се биде во срцето на организацијата“ и дека вработениот треба „да биде горд што е дел од тимот посветен на кралот.”
Покрај тоа, вработениот „има пристап до активен пензиски систем, добро здравствено осигурување и попуст од 20 проценти во бутиците на Royal Collection Trust “ .
Како што потсетува споменатиот медиум, истиот оглас претходно беше објавен во 2016 година, кога на тронот беше кралицата Елизабета Втора, а тогаш платата беше 23.000 фунти, но бројот на телефонски повици што операторот мораше да ги одговори беше дури 7.000 неделно, или 364.000 годишно.
Намалувањето на телефонските повици се должи на зголемениот проток на мејлови. Во Бакингемската палата се вработени вкупно 1.200 луѓе.