Кралот Чарлс, Мик Џегер и Хју Грант на иста маса: Ги собра Макрон, а еве која е причината и што се јадеше на прославата (фото)
Британскиот крал Чарлс во средата пристигна во тридневна државна посета на Франција.
Кралот и сопругата Камила беа почесни гости на државната вечера во Версај, а на менито имаше син јастог и француски и англиски сирења.
,,И покрај Брегзит и бидејќи нашите врски се толку стари, знам дека ќе продолжиме да пишуваме дел од историјата на нашиот континент заедно“, рече францускиот претседател Емануел Макрон во здравица.
Беа поканети околу 160 гости, меѓу кои британскиот актер Хју Грант, рок ѕвездата Мик Џегер, францускиот милијардер Бернард Арно и поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер.
Чарлс и неговата сопруга беа пречекани на аеродромот Орли од премиерката Елизабет Борн, а потоа присуствуваа на церемонијата во Триумфалната капија, каде им оддадоа почит на француските и британските војници кои загинаа во двете светски војни.
Тие денеска заедно со Макрон и неговата сопруга Брижит ја посетија катедралата Нотр Дам, која се обновува по пожарот во 2019 година.
Потоа во петок ќе го посети Бордо каде ќе ги посети насадите со органско лозје.
Кралот, кој течно зборува француски, како и неговата мајка, покојната кралица Елизабета, ја гледа посетата како можност за обновување на односите меѓу двете земји оштетени од хаотичниот Брегзит.
„Мораме да го зајакнеме нашето пријателство за да одговара на предизвиците на 21 век“, рече Чарлс на здравица на гала вечерата.
Чарлс планираше да ја посети Франција во март, но посетата беше одложена поради масовните протести во Франција поради пензиските реформи. Тоа требаше да биде негова прва државна посета како крал.