Краставица – зеленчук полн со витамин Ц

Зеленчук богат со витамин Ц, а покрај тоа што ја прави кожата блескава, краставицата содржи и над 90 проценти вода, а е идеална храна за хидратација на организмот, обезбедувајќи ви енергија и елиминирање на токсините. Покрај тоа, оваа храна е богат извор на влакна, па затоа е одличен избор за секоја летна диета.

Повеќето луѓе лупат краставица пред да ја јадат, но кората на само една краставица содржи околу 12 проценти од препорачаната количина на витамин Ц. Поради Б витамините и јаглехидратите со кои е богата, краставицата ќе ви обезбеди дополнителна енергија која ќе ве „разбуди“. Поради високата содржина на вода, краставицата му помага на телото да се ослободи од непотребните токсини и нечистотии. Благодарение на состојките пинорезинол, секоизоларицирезинол и ларицирезинол, краставицата го намалува ризикот од неколку видови на рак, вклучувајќи рак на дојка, простата, јајници и матка. Краставицата исто така го намалува холестеролот и го контролира крвниот притисок и им помага на дијабетичарите.

Калиумот, кој го содржи краставицата, помага во регулирањето на крвниот притисок и се препорачува на лицата со висок крвен притисок да го вклучат во секојдневната исхрана. Особено им се препорачува на дијабетичарите, бидејќи содржи хормон кој на клетките на панкреасот им е потребен за производство на инсулин.