Краткотрајно невреме попладнево го погоди Велес – откорнати дрвја, падната бандера

Невреме со дожд, грмотевици и ветар попладнево го зафати Велес. Најпогодена беше левата страна од стариот дел на градот, каде има откорнато дрвја.

Според Регионалниот центар за управување со кризиЦУК Велес, кај нив било пријавено паѓање на две дрва на левата страна од градот, од кое едното големо дрво е паднато на криивината кон автобуската станица. Таму имало откорната и бандера, поради што сообраќајот бил во прекин.

Поради високата конфигурацијата на Велес, а без атмосферска канализација во нискиот дел од градот, водата од дождот од високите се слеваше во ниските градски улици, кои за кратко беа поплавени и со песок.

Екипите на ЈКП Дервен“ попладнево и вечерва расчистуваа од песок и кал по градските улици.

Поради силните грмотевици, поголем дел од градот за време на невремето 15-тина минути остана без електрична струја.