ОПШТ ХАОС ВО ПАРИЗ ПРЕД ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА МАКРОН: Гневните земјоделци упаднаа на саемот, имале САМО ЕДНО БАРАЊЕ за претседателот (ВИДЕО)

Француските земјоделци упаднаа на големиот земјоделски саем во Париз пред планираната посета на претседателот Емануел Макрон во знак на протест поради зголемените трошоци, бирократијата и еколошките регулативи.

Опкружени со десетици полицајци, земјоделците извикуваа и свиркаа барајќи оставка од Макрон, извикувајќи пцовки и навреди кон францускиот претседател .

Како што јавува локалната BFMTV, неколку минути откако Макрон пристигнал на саемот, десетици демонстранти ја пробиле оградата и влегле во областа каде што се одржува манифестацијата.

Дошло и до судир меѓу паорот и полицијата. Уапсени се неколку лица .

Макрон, кој појадуваше со лидерите на синдикатите на земјоделците, ќе прошета по саемот подоцна денеска.

Тој ја откажа дебатата што сакаше да ја одржи денеска на саемот со земјоделците, преработувачите на храна и трговците на мало, откако синдикатите на паора рекоа дека нема да се појават.

Земјоделците протестираат низ Европа, повикувајќи на подобар приход, помала бирократија и ја осудуваат нелојалната конкуренција во форма на евтина украинска стока увезена за да им помогне на воените напори на Киев.