Автомобили претрпеа сериозни оштетувања откако ги нападнаа кучиња (ВИДЕО)

Во текот на три ноќи кучињата направиле штета на возилата на еден салон, чија вредност се проценува на неколку стотици илјади долари

Надзорните камери поставени во автосалон во Тексас снимија необичен инцидент во кој две кучиња неколку пати влегуваа на нивниот паркинг. На снимката се гледа како кучињата ги отстрануваат браниците и другите додатоци од предниот дел на автомобилите. Оваа несекојдневна серија на настани се случила три пати, при што дошло до сериозни оштетувања на пет возила.

Раководството на салонот изрази изненадување од силата на кучињата, нагласувајќи дека не ни помислувале дека кучињата можат да нанесат толкава штета . Првично, работниците се сомневаа дека волците се одговорни за уништувањето, но видео снимката од надзорот ја расчисти мистеријата.