Опасен албански криминалец откриен во Англија : Живее во имот од 500.000 евра, се однесува дрско, а никој не знае како влегол во земјата (фото)

Познат албански криминалец успеал мистериозно да влезе во Велика Британија од каде претходно бил депортиран.

Асим Муртати (46), роден во Албанија, беше депортиран од Велика Британија во 2009 година, откако беше откриено дека користел лажно име за да добие британски пасош додека бил во бегство.

Муртати бил вклучен во вооружен грабеж на минибус во Албанија пред да побегне во Обединетото Кралство. Таму им дал лажни информации на граничарите и тврдел дека е бегалец од Косово.

Успеал да добие британско државјанство и во текот на животот добил три ќерки под лажно име и покрај тоа што бил осуден во отсуство во својата татковина.

Муртати конечно беше фатен и депортиран од властите во 2009 година за да отслужи 11-годишна затворска казна. Сепак, тој беше ослободен по само шест години и се врати во ОК со очигледно едноставно обновување на стариот британски пасош.

,,Дејли Мејл” утврди дека Муртати патувал во минатото користејќи лажен документ кој не бил поништен кога бил депортиран. Министерството за внатрешни работи сега му го укина пасошот, но Муртати покрена правно оспорување против одлуката.

Муртати исто така го регистрирал бизнисот под своето лажно име и станал толку дрзок што неодамна го префрлил на неговото вистинско име. Медиумите пренесуваат дека тој моментално живее на имот во Нортхемптон вреден речиси половина милион евра со своите две ќерки.

Не е јасно дали Муртати легално се вратил во ОК по отслужувањето на казната во Албанија.

– Исклучително сум загрижен за ова. Очекувам МВР итно да го разгледа случајот – вели локалната пратеничка Андреа Лидсом.

Во ноември 1997 година, Муртати и уште четворица Албанци запреле минибус на сред пат, а еден од разбојниците пукал со автомат за да го запре возачот пред да влезат и да ги ограби патниците. По него била распишана потерница, но тој избегал и е осуден во отсуство.

По пристигнувањето во Велика Британија, Муртати тврдеше дека е Албанец од Косово и Метохија, кој бега од војната за да добие азил.

– Ова е уште еден јасен показател дека системот е расипан. За жал, има малку докази дека владата на Риши Сунак е на висина на задачата – изјави претседателот на организацијата за следење на миграцијата Алп Мехмет.

Министерството за внатрешни работи засега не се огласува.

– Не коментираме рутински поединечни случаи – рече портпаролот на министерството.