Крајно вознемирувачко, хорор видео се шири на мрежите: Инфлуенсерката Валерија убиена во пренос во живо
Валерија Маркез (23) од Мексико , сопственичка на салон за убавина во Халиско, беше убиена додека емитуваше во живо на своите мрежи.
Покрај салонот, за чие управување беше задолжена, Валерија беше и креатор на содржини на социјалните мрежи каде што објавуваше хумористична содржина, како и содржина за убавина. Таа имаше салон за убавина наречен „Блосом“ во Запопан, држава Халиско.
Младата жена имала 23 години и собрала повеќе од 90 илјади следбеници на TikTok, додека на Instagram имала 73 илјади следбеници. Оваа Тиктокерка беше во живо во својот салон за убавина кога беше убиена.
Локалните власти пристигнале на местото на настанот кратко по инцидентот, како и некои членови на семејството на жртвата. Нападот предизвика шок кај нејзините следбеници и локалната заедница. Преносот во живо, кој на почетокот изгледаше како вообичаена активност на Валерија во нејзината дневна соба, се претвори во снимка на трагичен настан .
Нејзиниот салон за убавина „Блосом“ се наоѓал на аголот од улиците Сервидор Публико и Емперадорес Мексиканос во населбата Реал дел Кармен, каде што таа се наоѓала во времето на нападот. Во емитувањето може да се види дека друго лице го прекинало видеото, а дел од видеото набрзо се прошири на интернет .
Според првичните информации, маж влегол во салонот и ја застрелал жртвата, која починала на самото место. Полициска патрола пристигнала по повик на 911 и ја потврдила смртта. Брзата помош што пристигнала на местото на настанот утврдила дека младата жена повеќе не покажувала знаци на живот.
Државното обвинителство објави дека јавниот обвинител, заедно со полициските истражители, започнал со собирање изјави и докази на местото на злосторството. Тие елементи ќе бидат вклучени во истражното досие со цел разјаснување на настаните и пронаоѓање на одговорните за нападот.
Експерти од Институтот за форензички науки во Халиско моментално го обработуваат местото на злосторството, вклучувајќи снимање и собирање докази. Телото на жртвата ќе биде префрлено во просториите на Институтот за судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција.

Се очекува членовите на семејството да извршат и официјална идентификација на телото во наредните часови. Обвинителството нагласи дека информациите досега се прелиминарни и можат да се ажурираат како што напредува истрагата.
Así fue el en vivo donde fue asesinada la influencer Valeria Marquez, en Zapopan Jalisco. La violencia imparable en la zona metropolitana de Guadalajara pic.twitter.com/blZpPL7zQU
— Solo notas. (@nepava1) May 14, 2025