Крај за Надал во Барселона: Веќе не е стариот Рафа, „Демонот“ го избрка во 2. коло

Првиот меч на земјена подлога го доби по една година, вториот го загуби веднаш – Рафаел Надал е елиминиран од турнирот во Барселона веќе во 1/16 финалето, откако Алекс Де Минор беше подобар од него во два сета – 7:5, 6:1!

Популарниот Демон, како што го нарекуваат овој австралиски тенисер, го победи Рафа во нивниот втор последователен дуел – додека во претходните три беше немоќен.

Де Минор во следното коло ќе игра против подобриот од дуелот Даниел Алтмајер – Артур Филс, додека во четвртфиналето би можел да го „удри“ српскиот тенисер Душан Лајовиќ. Се разбира, ако прво го исфрли Алехандро Давидович Фокина.

Надал не е ни блиску до нивото на кое сме навикнати да го гледаме, особено кога се во прашање натпреварите на земја. Поради повреда го пропушти Монте Карло, под знак прашалник беше и за Барселона, иако вакво нешто тешко може да направи на земја.

Го загуби својот сервис веќе во првиот гем, за да се соочи со губење на сервисот и во следниот. Тој некако се спаси и не долго потоа ја разгали публиката кога го врати брејкот и поведе со 4:3.

Де Минор имаше уште една брејк шанса да израмни на 4:4. Тогаш не успеа, но успеа во 11. гем и по 6:5 сервираше со нула „триумф“ во првиот сет.

Рафа лишо стартуваше и во вториот сет кој веднаш му даде можност на де Минор да го земе неговиот сервис. Се виде дека Австралиецот го подигна нивото на игра, што резултираше со два пати да го одземе сервисот на Надал и да поведе со 4:1. Тоа беше и крајот, Рафа не можеше да се врати.