КРАЈ НА ЕДНА ЕРА !? Италијанците им забија нож во грб на Кинезите – најавија дека се откажуваат од многу важен проект

Италија официјално ја извести Кина дека ја напушта иницијативата „Појас и Пат“, соопштија во средата два владини извори.

Во 2019 година, Италија стана првата и досега единствената голема западна земја што влезе во амбициозната програма, отфрлајќи ја загриженоста на САД дека ќе и дозволи на Кина да добие контрола над чувствителните технологии и виталната инфраструктура.

Но, по преземањето на функцијата минатата година, премиерката на ИталијаЏорџија Мелони, порача дека сака да се откаже од иницијативата, бидејќи таа не и донесе значајна корист на Италија.

Договорот од 2019 година истекува во март 2024 година и автоматски ќе биде продолжен доколку Рим не даде писмено известување во рок од три месеци дека се повлекува.

Извор од Владата тврди дека такво писмо било испратено до Пекинг во последните денови. 

Имаме намера да одржуваме одлични односи со Кина дури и ако повеќе не сме дел од ‘Појас и Пат“, рекол изворот и додал: „Некои членови на групата Г-7 соработуваат уште поблиску со Кина, и покрај тоа што не се дел од иницијативата“.

Италија ќе го преземе претседавањето со групата Г-7 во 2024 година.