КРАЈ НА ЕДНА ЕРА! Шпанецот кажа ‘не’ на ‘Црвените ѓаволи’ – Давид де Хеа не сака да ја продолжи соработката со Манчестер Јунајтед

Шпанскиот голман Давид де Хеа одлучи да го напушти Манчестер Јунајтед.

Шпанецот, кој помина 12 години во клубот од „Олд Трафорд“, одби да го продолжи договорот со „Црвените ѓаволи“.

Договорот на Де Хеа со славниот англиски клуб истекува на крајот од сезоната, па доколку не се договорат на лето, тој ќе може слободно да избере нова средина.

Наводно, челниците на Јунајтед веќе му ја дале првата понуда за продолжување на договорот на Шпанецот, но тој експресно одбил.

Де Хеа има неделна плата од 425.000 евра, па клупските челници се обидуваат да го убедат да прифати помали примања, што е тешко остварливо.

Иако ја одбил понудата, во англискиот клуб веруваат дека ќе најдат начин да го убедат својот голман да се премисли.