Крај на трката за брзина: Ново, Wi-Fi 8 се фокусира на нешто сосема друго (фото)

Ова е клучна промена во пристапот, бидејќи претходните повторувања  на технологијата Wi-Fi беа претежно насочени кон зголемување на теоретските брзини.

За разлика од Wi-Fi 7, кој нуди максимална брзина на пренос од 23 Gbps, Wi-Fi 8 нема да воведе нови зголемувања на брзината. Наместо тоа, акцентот ќе биде ставен на перформансите на мрежата во реалниот свет преку унапредување на технологии како што се координирана просторна повторна употреба (Co-SR), координирано формирање на зрак (Co-BF) и динамично управување со подканали (DSO).

shutterstock_WiFi (2).jpg

Технолошкиот напредок што го менува корисничкото искуство

Една од клучните иновации е Координирана просторна повторна употреба (Co-SR), која овозможува динамично прилагодување на јачината на сигналот во зависност од оддалеченоста на уредите и пристапните точки. Оваа технологија може да ја зголеми ефикасноста на системот за 15% до 25%, особено во густи средини како што се деловни згради.

Слично на тоа, координираниот зрак (Co-BF) ги подобрува постоечките техники за рутирање на сигналот, намалувајќи ги пречките и фокусирајќи го сигналот на уредите што моментално го користат. Прелиминарните тестови покажуваат дека оваа функција ја зголемува пропусната моќ на податоци за 20% до 50% во мрежи со повеќе точки за пристап.

 Друга забележителна иновација е динамичката операција на под-канал (DSO), која и’ овозможува на мрежата динамички да доделува под-канали на уредите врз основа на нивните потреби. Ова ја зголемува ефикасноста и го намалува застојот, а за напредните уреди може да се зголеми пропусната моќ до 80%.

Дополнителната прецизност во кодирањето и приспособливоста, донесени од подобрената шема за кодирање на модулација (MCS), овозможува постепени премини во квалитетот на поврзувањето, со што се избегнуваат ненадејни падови на брзината на преносот. Ова може да ја зголеми стабилноста на преносот на податоци за 5% до 30% во различни ситуации.

Кога можеме да очекуваме Wi-Fi 8?

Според достапните информации, конечната верзија на стандардот Wi-Fi 8 ќе биде готова до 2028 година, додека првите производи базирани на оваа технологија се очекуваат на почетокот на истата година, откако ќе ги поминат сите регулаторни проверки.

Wi-Fi 8 носи промена на фокусот од теоретско максимизирање на брзините до вистинско подобрување на стабилноста и доверливоста, што ќе им овозможи на корисниците подобро искуство во секојдневната употреба.