Крај на јануари е, а температурите се искачуваат речиси до 30 степени: Зад се се крие феномен кој го носи името на грчкиот бог Зевс

Речиси летни сцени пристигнуваат од Италија и Шпанија со температури кои се искачуваат до речиси 30 степени Целзиусови. Тоа е резултат на антициклонот Зевс, според грчката митологија богот кој може да управува со времето.

Мадрид на крајот на јануари изгледаше како лето, а слични се сцените од Италија каде повторно се бараат гардероби за летна облека.

Од Европската унија велат дека минатата година била најтопла во светот во последните 100.000 години.