АД ЕСМ: Во изминатото деноноќие произведени се 14.530 MWh електрична енергија

 АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден произведe 14.530 мегават часа електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

Во Термоелектраните, според податоците од диспечерски извештај на АД ЕСМ, произведени се 11.641 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.889 MWh.