ТРАГЕДИЈА! МЛАД КОШАРКАР (21) ПРОНАЈДЕН МРТОВ: Батлер имаше голема кариера пред него…

Страшна вест.

Се самоуби младиот кошаркар Теренс Батлер (21).

Кошаркар од колеџот Дарксел бил пронајден мртов во својот стан во средата наутро, потврди универзитетот.

Според информациите до кои дојдоа американските медиуми, крилниот напаѓач си го одзел животот со истрел од пиштол.

– Тој беше млад човек кој имаше многу талент и на теренот и надвор од него – изјави неговиот гимназијален тренер.

Во средно училиште тој покажа голем талент кога имаше просек од 17,8 поени по натпревар играјќи за својот училишен тим.