Судот во Утрехт пресуди дека на вториот најстар клуб во Холандија му е одземена професионалната лиценца, со што се стави крај на 133-годишната историја. Само Спарта Ротердам е постара од Витесе во Холандија.
Фудбалската асоцијација на Холандија, со поддршка на Комисијата за лиценцирање, одлучи да не му додели лиценца на Витесе. Клубот се жалеше на одлуката, а судот потврди дека нема основа за жалба.
Одлуката е донесена откако беше откриено дека Витесе ги заобиколува правилата и го „поткопува системот за лиценцирање“ неколку години.
„Витесе доби можност по можност, но тој не искористи ниту една од нив. Клубот не покажа никаков напредок“, изјави адвокатот пред судот.
Витесе се обиде да го убеди судијата дека ја обезбедиле иднината на клубот бидејќи локалните инвеститори ги презеле сите акции од претходните сопственици, а конечното преземање на клубот чекало одлука за лиценца.
Образложувајќи ја својата одлука за отфрлање на жалбата на Витезе, судијата изјави дека ништо не може да го поништи фактот дека клубот претходно ги прекршил правилата, а оваа одлука стави крај на 133-годишната историја на клубот.
Витезе никогаш не бил шампион, а најголемиот успех на клубот дојде во 2017 година кога за прв пат го освои Купот.