КРВАВА “НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ – Вооружен напаѓач застрелал најмалку 15 луѓе на забава во Чикаго: “Му рековме дека не може да влезе“

Најмалку 15 луѓе се застрелани во населбата Лондејл во Чикаго во неделата рано наутро на голема забава по повод „Ноќта на вештерките“, соопшти локалната полиција, како што објави CNN.

Меѓу жртвите има шест жени и девет мажи на возраст од 26 до 53 години, извести полицијата. Две лица се уште се во критична состојба – 26-годишна девојка која била застрелана во левиот колк и десниот дел од задникот и 48-годишен маж кој добил три прострелни рани во колковите и бутовите.

Полицајците од Чикаго реагираа на дојавата за пукање кратко по 1 часот по полноќ. Кога пристигнале, нашле маж кој пука со пиштол кон гостите на забавата.

Еден сведок рекол дека на човекот му бил одбиен влезот на забавата бидејќи диџејот штотуку објавил дека завршува забавата.

Му рекоа дека не може да влезе и отиде до својот автомобил, се врати и почна да пука“, изјавил Андре Вилијамс за локална ТВ станица.

Сторителот бегаше пеш, но полицајците многу брзо го приведоа“, велат од полицијата која ја продолжуваат истрагата за пукањето.