КРВАВА ПРЕСМЕТКА ВО СРБИЈА – Убиени двајца млади пред основно училиште: Пукале од автомобил, а едниот добил куршум во глава!

Претходната вечер во соседна Србија се случи пукање пред основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Футого, во кое животот го загубија двајца млади момчиња, пренесуваат српските медиуми.

Итната помош повикот го примила 17 минути по полноќ и на лице место пронашле млад човек во бессознание. Милош М. (20 г.) во тешка состојба бил пренесен во болница, каде подоцна им подлегнал на повредите. Тој бил застрелан во главата. 51 минута по полноќ полицијата повторно повикала 911 бидејќи на истото место затекнала уште еден млад човек во бесознание Никола Ш. (19 г.), а Итната помош констатирала смрт. Според информациите на српските медиуми, тој се обидел да побегне, а подоцна бил пронајден во близина на кафуле.

Telegraf.rs јавува дека четири лица се уапсени, а младите кои загинале биле застрелани од автомобил. Четворицата уапсени се на возраст од 21, 23, 24 и 26 години.

Еден од нив неодамна излегол од затворот во кој се наоѓал поради нелегален транспорт на мигранти. На сите осомничени им е одреден 48 часовен притвор, а полицијата продолжува со утврдување на околностите на овој настан.