КРВАВА СВАДБА – Ова е вистински хорор: Го кажала судбоносното ‘Да’, истрчала под прскалките, а неколку секунди подоцна била мртва…

Само неколку моменти по свадбената церемонија, невеста го загубила животот во судир на автомобил управуван од пијан возач и мини-кола за голф. Несреќата се случила на патот во Јужна Каролина додека таа и нејзиниот сопруг го напуштале местото каде што го кажале судбоносното ‘Да‘, објавија тамошните медиуми во понеделникот, пишува весникот The Guardian.

Саманта Милер (34 г.) од Шарлот, Северна Каролина, го загубила животот, а уште тројца во возилото биле тешко повредени, меѓу кои и нејзиниот сопруг Арик Хачинсон, кој е во критична состојба и се бори за својот живот во болница. Мајката на младоженецот, Анет Хачинсон, создала „реклама“ на платформата GoFundMe за да собере пари за да го плати погребот на нејзината снаа и да ги покрие медицинските сметки за нејзиниот син.

Во објавата на споменатата платформа било објавена фотографија на која младенците трчаат под прскалките непосредно пред несреќата во која мини-колата за голф се превртела неколку пати и го одзела животот на младата девојка. Покрај таа фотографија, мајката објавила и фотографија од нејзиниот син кој во болница закрепнува од повреда на мозокот и бројни скршеници на телото.

Податоците од автомобилот на осомничениот Џејми Ли Комороски покажуваат дека таа возела 105 км/ч, и покрај ограничувањето од 40 км/ч на тоа место, и само кратко закочила пред да удри во мини-колата за голф околу 22 часот на плажата Folly Beach, велат истражителите за тамошните медиуми. 

Џејми Ли Комороски (25 г.) добила кривична пријава за убиство од невнимание и уште три други точки од обвинението за возење под дејство на алкохол, предизвикувајќи смрт. Таа останала во притвор во понеделникот попладне и се соочува со затворска казна до 25 години.