Крвава сцена во Крим: Лав речиси го уби директорот додека го хранел

Директорот на паркот „Тајган лав“ во Крим, Олег Зубков, е тешко повреден во напад на лав, соопштија денес локалните власти.

Зубков претрпел повеќекратни повреди кога лавот го нападнал додека го хранел, објави РИА Новости.

Зубков успеа да излезе од кафезот, по што ја изгуби свеста.

Тој беше хоспитализиран во болница во Белогорск и се наоѓа на одделението за интензивна нега.

Руската агенција соопшти дека е започната истрага за околностите на инцидентот.

Сафари паркот Тајган е приватен парк за лавови, најголем од ваков вид во Европа, дом на околу 60 лавови и над 50 тигри.