Крваво злосторство во Кратово: Со нож го избоде сопругот, а потоа и свекорот

Јавниот обвинител, полицијата и брза помош се на терен.

Вчера се случи двојно убиство кое го потресе Кратово и цела Македонија, јавува 4News.mk.

Според информациите, 37-годишна жена со нож го убила својот сопруг, а потоа и свекорот.

Таа е приведена во полициска станица.

Јавен обвинител, полиција и брза помош се на терен.

Се врши увид на лице место, се собираат индиции за докази за крвавото злосторство.