Креаторите на „Саут Парк“ откриваат како било снимањето на сцената каде што Доналд Трамп е во кревет со Сатаната (видео)
Новата епизода од серијата „Саут Парк“ во која Доналд Трамп беше прикажан во кревет со Сатана предизвика голем број реакции, а креаторите на серијата споделија и како изгледало снимањето зад камерата.
Имено, првата епизода од 27-та сезона го следи вториот претседателски мандат на Трамп, а заплетот на почетокот изгледа сериозен. Во првиот дел беше прикажан конфликтот на Трамп со канадскиот премиер Марк Карни околу царинските тарифи.
Потоа, во сцена што брзо стана вирална, Трамп завршува во кревет со Сатана, кој го прашува за списокот на Епштајн. Со ова, креаторите на серијата ги исмеваа ветувањата на администрацијата на Трамп за објавување на списокот, како и тврдењата дека името на самиот поранешен претседател може да се најде на него. Делот каде што Трамп се обидува да го заведе Сатаната, каде што се откриваат неговите гениталии, привлече посебно внимание. Иако многумина мислат дека станува збор само за анимација, снимките и фотографиите од зад сцената открија необична техника на снимање.
На Инстаграм профилот на „Саут Парк“ беше објавено дека за сцената е користен двојник на Трамп, додека еден од креаторите помагал во снимањето. Целта била да се постигне пореалистичен изглед во инаку целосно анимиран свет.
Обожавателите беа изненадени од овој метод, а многумина ги пофалија авторите што не користеле вештачка интелигенција за контроверзната сцена.
„Фактот дека ова не беше вештачка интелигенција го прави ова уште полудо“, „Загрижувачки број луѓе мислеа дека ова е вештачка интелигенција“, „Драго ми е што ги изнесувате доказите“, „Авторите се легенди, мислам дека сега ќе го гледам Саут Парк“, беа само некои од коментарите на објавата.
По оваа епизода, Белата куќа изрази негодување поради начинот на кој беше прикажан претседателот.
„Оваа серија не е релевантна повеќе од 20 години и се држи до неинспирирани идеи во очаен обид да привлече внимание“, соопшти Белата куќа.
На неодамнешниот Комик Кон, авторите на серијата изјавија дека немаат намера да попуштат под притисок.