Креаторот на „Саут Парк“ ја откри причината за одложувањето на новата епизода од серијата: „Никој не нè цензурираше“
Откако епизодата од серијата „Саут Парк“ во која се исмејува Чарли Кирк беше отстранета од програмата на „Комеди Централ“, креаторот на оваа серија проговори и откри зошто новата епизода е одложена.
Имено, четвртата епизода од 27-та сезона наречена „Wok is Dead“ премиерно се прикажа на 3 септември, а следниот дел требаше да се емитува на 17 септември. Во последен момент беше објавено дека ќе биде одложена за седум дена, а по одложувањето, ко-креаторот на „South Park“, Мет Стоун, ја откри за „The Denver Post“ клучната причина.
Многу обожаватели шпекулираа дека епизодата е одложена поради политички превирања по убиството на Чарли Кирк и суспензијата на Џими Кимел, но Стоун инсистираше дека тоа не е случај.
„Никој не нè цензурираше, знаете дека ќе го кажевме тоа ако беше вистина. Едноставно не сме завршиле. Тоа е цената на одложувањето“, рече Стоун.
Радио водителот Џеси Кели претходно ги обвини „Саут Парк“ и нивната најнова епизода за смртта на Кирк. Во епизодата, Ерик Карман ја додели наградата „Чарли Кирк, млади мајстори на дебатата“. Кирк беше убиен на 10 септември додека држеше говор на Универзитетот во Јута Вали.
Кели наводно им рекол на слушателите: „Саут Парк сметал дека е смешно што го стави Чарли во серијата. Сега неговата сопруга планира погреб.“
Сепак, многу гледачи тврдат дека „Саут Парк“ нема никаква врска со смртта на Кирк.
Следната епизода од 27-та сезона на „Саут Парк“ ќе има премиера во среда на „Комеди Централ“.