КРЕМАСНА ТОРТА е готова за 10 минути, а вкусот е рајски: Не ви треба рерна – сите ќе ве прашаат за рецептот

Оваа брза чоколадна торта е спасител во последен момент. Се подготвува за само десет минути, а е неодоливо вкусна.

Ако сте љубители на чоколадо , оваа торта е направена за вас.

Супер лесно се прави, а еве што ви треба:

– 4 лажици путер

– 30 гр сечкана чоколада

– 4 коцки млечна чоколада

– 3 лажици шеќер

– 2 големи јајца

– 2 лажици какао

– 1 лажичка екстракт од ванила

– ¼ лажичка сол

– 30 гр брашно

– ½ лажичка прашок за пециво

Подготовка:

Растопете ги сечканото чоколадо и путерот во микробранова печка. Измешајте ги јајцата со шеќерот, какаото, ванилата и солта и измешајте ги со чоколадото. Потоа додадете ја смесата од брашното и прашокот за пециво и измешајте со блендер. Поделете го тестото во два големи чинии и ставете ги на спротивните страни на микробрановата печка. Намалете ја јачината на 50% и оставете да се печат 45 секунди. Извадете ги чашите, промешајте и вратете уште 45 секунди. Кога ќе ги извадите, во средината на секоја смеса ставете по две коцки чоколадо и ставете ги во микробранова печка 45 секунди. Почекајте две минути, украсете со овошје, шеќер во прав или шлаг и послужете.