– Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека паравоената група на Вагнер испорачувала системи за противвоздушна одбрана на движењето Хезболах во Либан.
Песков рече дека доколку САД се загрижени во врска со тоа, би можеле да ги користат постоечките воени комуникациски канали со руските колеги и да ги прашаат директно.
„Де факто таква група (Вагнер) не постои, така што сите овие шпекулации по правило се неосновани“, нагласи Песков.
Портпаролот на рускиот претседател одби да ги коментира извештаите дека Павел Пригожин, синот на поранешниот водач на Вагнер, Евгениј Пригожин, сега е на чело на групата.
Руските медиуми објавија дека Вагнер продолжил со регрутирање, а Павел ја презел функцијата лидер по смртта на неговиот татко во авионската несреќа во август оваа година.