Кремљ: Одлуката на ЕУ да ги искористи приходите од рускиот имот за Украина ги прекршува меѓународните правила
– Одлуката на Европската Унија (ЕУ) да ги користи приходите од рускиот имот за Украина ги прекршува меѓународните правила, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Сите овие приходи ѝ припаѓаат на Русија, а нивното пренесување за други цели ги прекршува сите правила и норми на меѓународниот финансиски систем“, изјави Песков во Москва.
Опишувајќи ја одлуката за рускиот имот како експропријација, Песков изјави дека Русија внимателно следи како се спроведува тоа.
„Москва, исто така, работи на одговор на ова прашање“, додаде Песков.
Земјите од Европската Унија во вторникот одобрија план за користење на приходите од замрзнатите руски средства за помош на Украина.
Во согласност со тоа, профитот од рускиот имот ќе се користи за поддршка на одбраната и реконструкцијата на Украина.
Во овој контекст, 90 отсто од профитот ќе оди за одбрана и воена поддршка на Украина преку Европскиот фонд за мир, а 10 отсто ќе бидат насочени кон различни програми за обнова во земјата.
Западните земји го замрзнаа рускиот имот во вредност од околу 300 милијарди долари откако Русија започна војна против Украина во февруари 2022 година.