Кремљ: Украинската Армија спречена да го пробие јужниот фронт во Доњецк

– Украинската Aрмија започна голем напад на пет локации на јужниот фронт во Доњецк, но беше спречена да ја пробије руската одбрана, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.

Зборувајќи на брифинг за новинарите, Конашенков даде информации за нападите иницирани од одредени бригади на украинската Армија.

„Утрото на 4 јуни, со поддршка на други воени единици, непријателот започна голем напад во пет области на јужниот фронт во Доњецк користејќи ги 23. и 31. Механизирана бригада од стратешките резерви на Украинските вооружени сили“, истакна Конашенков.

Тој рече дека Украина користела шест механизирани и два тенковски баталјони во нападот и истакна дека нивната цел била да ја пробијат руската одбрана на најслабата точка на фронтот, но дека не можеле да ја исполнат својата мисија.