Крешник Бектеши заминува во домашен притвор

Основниот суд во Кочани го прифати предлогот на Јавното обвинителство за укинување на мерката притвор и нејзина замена со поблага мерка, куќен притвор, за поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши.

Судот сè уште не одлучил за преостанатите предлози на Обвинителството за 19 лица, во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Портпаролот на Основниот суд Кочани попладнево информираше дека за предлогот за Бектеши одлучувал судија во претходна постапка, додека за другите се очекува делегација од член на Кривичниот совет и се очекува адвокати да се изјаснат за предлозите.

За преостанатите предлози сè уште не е донесена одлука. Тие се доставени до судот. Постапуваме според нив и кога ќе биде донесена одлука, јавноста ќе биде информирана, изјави портпаролот на Основниот суд Кочани.