Крешник Бектеши: “По направените анализи ќе се носи одлука дали ќе има ново замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот“

Владата ќе прави анализа за цените на овошјето и зеленчукот и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе ја продолжи мерката со замрзнување“, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Одговарајќи на новинарски прашња по настанот на кој се одбежела Светскиот ден на метрологијата – 20. мај, тој повтори дека кризата нема да биде на товар на граѓаните и оти Министерството за економија носи соодветни мерки за оние што не ги почитуваат одлуките. 

Во однос на реакцијата на маркетите дека добавувачите не им доставуваат производите кажа дека секој има право да го каже своето мислење, а институциите се тие што ќе реагираат.

 „Ние сме демократија. Секој има право да го искаже своето мислење, и маркетите, и институциите, и граѓаните, и Организациите за заштита на потрошувачите, а секако дека институциите имаат обврска да го заштитат тоа што е согласно законот. Ние имаме Закон за заштита на потрошувачи во нашата држава и имаме Закон за трговија. Кој не го применува тоа секако во правна држава треба надлежните институции да постапат и да ги преземат соодветните мерки. Убеден сум дека тоа и ќе го направат како што го направија и претходно“, кажа Бектеши.