Кривичен суд одреди 30 дена притвор за Артан Груби

Кривичниот суд во Скопје им определи мерка притвор од 30 дена на Артан Груби и Перпарим Бајрами, а мерката ќе биде применета откако ќе бидат пронајдени и станат достапни за органите на прогонот.

„По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои Јавното обвинителство предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија со што го прифати предлогот на Јавното обвинителство и им определи мерка притвор од траење од 30 дена“, соопштуваат од Кривичниот суд.

Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно го известило судот дека двајцата осомничени за злоупотреби во Државна Лотарија се недостапни и официјално потврдиле дека се надвор од Македонија.