МВР поднесе кривична пријава против поранешната организациска директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази за „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавата се однесува за склучување договори за работи за повеќемината „спорни“ вработени во периодот на предизборието како и за тоа шт им исплатила плата.
– Пријавената Б.И. Во својство на в.д. организациски директор на Универзитетска клиника за токсикологија, пречекорувајќи ги своите службени овластувања во период од 14.02.2024 до 24.06.2024, а со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица, склучила 15 договори за дело со 15 лица кои биле работно ангажирани на Универзитетската клиника за токсикологија по што, ретроактивно, за лицата наводно работно ангажирани, за месеците април и мај 2024 година издала два платни налози и извршила исплата на месечен надомест за наводниот работен ангажман во вкупен износ од 659.781 денари со вклучен персонален данок на доход, информираат од МВР.