39-годишен тетовец веќе е под истрага поради сомнение дека проневерил повеќе од 92.000 денари од разни фирми.
Наместо да им ги предаде на фирмите, тој за себе ги земал парите од робата што ја праќал на различни клиенти.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.В.(39) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „проневера“. Пријавениот, вработен како курир во приватната компанија за брза пошта, на 25.08.2023 година од испратените налози за себе задржал 92.200 денари, наместо да ги испрати до правното лице“, се наведува во соопштението на МИА.