Пратениците на СДСМ ќе поднесат измени на законите што ги регулираат платите на функционерите, најави Ковачевски

Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ денеска најави дека е најдено уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите.

„Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе измена на сите закони со кои се регулираат платите на сите функционери“, потенцираше Ковачевски.

Тој појасни дека со ова решение постоечките коефициенти ќе бидат намалени со што платите на сите избрани и именувани функционери нема да пораснат.