Кривична пријава за директорот на Центарот за култура во Охрид, непотребно патувал во странство со државниот буџет

МВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Перличев“ Охрид поради постоење сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Тој, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, без одлука на Управниот совет на институцијата, без редовна покана и со прекршување на прописот за службени патни трошоци, отпатувал во странство и притоа нанел штета на буџетот на институцијата во износ од 46.520 денари“, велат од МВР Охрид.