Министерството за внатрешни работи на Македонија соопштува дека до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р.-инспектор за прекугранични криминали и миграции во Струга поради постоење сомненија за сторено кривично дело „ кражба на струја, топлинска енергија или природен гас“.
„На 11.6.2024 година работниците на ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р во три фази неовластено земал електрична енергија во неговата куќа во село Дологожда, струшко“.
„Обвинетиот украл струја од бандера на ЕВН преку броило поставено во куќата на неговиот покоен татко, од каде што му бил вметнат струјниот кабел во куќата. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против ВР ќе поднесе предлог за поведување на постапка за повреда на работниот ред и дисциплина“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.