Кривична пријава против Пеце Мирчевски, осомничен дека го оштетил државниот буџет за 5,2 милиони денари
Финансиската полиција упадна во домот на Пеце Мирчевски, поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи при Владата, од редовите на СДСМ.
По ова Финансиската полиција информираше дека против Мирчевски поднела кривична пријава поради сомнение за поткуп, проневера, фалсификување службени исправи и неодговорно работење. За поткуп е осуден и сопственик на приватна фирма.
Тој во периодот 2021-2024 година склучил пет договори со фирмата на второосомничениот, без да изјави судир на интереси, а за возврат добил лична материјална корист. Тој лажно потпишувал изјави дека нема конфликт на интереси и прикажувал фиктивни службени патувања, преку кои се исплаќале средства за хотелско сместување, авионски билети и услуги за изнајмување автомобили, оштетувајќи го буџетот за 1,8 милиони денари.
Исто така, како одговорен раководител на воздухопловната служба, иако знаел дека пилот не ги исполнува условите за капетан, му дозволил да зема плата за тоа работно место, што резултирало со исплаќање 3,4 милиони денари.